Жбогар го посети Пендаровски, но се сретна и со Силјановска

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Самуел Жбогар денеска беше првиот дипломат кој имаше средба со новиот претседател Стево Пендаровски, но тој се сретна и со Гордана Силјановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.

На официјалниот Твитер профил Жбогар напиша дека со претседателот Пендаровски разговарале за надминување на поделбите во општеството, како и за потребата од фокусирање на политичарите и граѓаните на иднината на земјата во ЕУ.

Со Силјановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар за средбата со Силјановска.