Жбогар очекува реакција од Брисел и деблокада на грчката граница

жбогар

Тој за овој проблем денеска при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата,  затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.

Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем  со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.

Запрашан за почитичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.