Жбогар за СЈО: Ги поддржуваме активностите на јавното обвинителство

51

Клучните области во кои Брисел сака да види напредок до есен ако сакаме зелено светло за старт на преговори во октомври се реформи во судството, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, рече евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и порача дека нема ние да влеземе во ЕУ, туку треба да ја примиме Унијата во нашиот дом.

-Решението за датум треба допрва да се случи, но земјава веќе го почна патот кон ЕУ со објаснувачкиот скрининг, а тоа ќе го скрати времето кога ќе почнат преговорите за членство. Неопходно е да продолжите со испорачувањето на реформи, а најклучни се владеењето на правото и борбата против корупцијата, оцени евроамбасадорот.

Жбогар изрази поддршка за Јавното обвинителство за нивните неодамнешни одлучувачки чекори.

-Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство неодамна. Ние ги поддржуваме нивните активности и истовремено подеднакво го очекуваме решението за функционирање на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство во иднина. Со вчерашната оставка на Јанева се стави дополнителен притисок и одговорност врз политичките лидери и врз парламентот да најдат решение, рече евроамбасадорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.