Збогум 2021!

790

…фала ти за се’, не дај Боже да се повториш.

И така тука сме во циклусот на менување на „цицлата“ закачена на ѕид, наречена календар, со некоја нова силиконска дроца, оти нашите бедни животи и онака метeрјално и духовно неостварени ги пополнуваме со пластифицирани старлети кои ни ја симболизираат мечтата кон која тежнееме. Тинкањето како модус вивенди, ама во секој сегмент, политка, економија и на крај и еротика.

Што да очекувам од народ и земја во која нај-награди кои се доделуваат се за инфлуенсертво – ЕЈ АЛОО ИНФЛУЕНСЕРТВО!!! Каква шанса за тречеразредни офуцани баби со пари и ботокс кои се во дебела менопауза и хормонален дисбаланс, со лош фотошоп кои ни се представуваат и глуматаат дека се 45 години помлади, а да ги видиш во живо – walking dead… но илузијата е побитнa од реалноста.

Поминува оваа година, поминува и секој сака да ја заборави, како синоќешното додоврување со бркатиот Габор на деценијата, година која мора да заборавиме какви пички бевме, колку цвикавме од вирус, од криминалци, колку цвикавме да кренеме глас за слобода и заземеме став…

Сите битки се одвиваа на социјалните мрежи – вакцини, болест, правда, повисоки цени, поскапувања, инфлација… мамата ни ја расплакаа, али статуси со извичници колку сакаш, а ако има многу лајкови, на криминалците гаќите им се тресат, абе не ме радуј, градовите ме болат кога ме радујеш!

И само три пожари да споменеме, болницата, автобусот, бараките и колите кои гореа, небаре Бејрут станавме… чуј небаре, па сме, а реков три… избројав најмалку 5 а колку ги имаше? Ало Богта, пријем!

Војна имавме олку мртви имавме? Како во ова мирнодопско благоухание на криминалици кои направија тотална вукојебина со својата ароганција дека се семоќни, дека им се може… и им се можеше, уцвикавме и им дозволивме… прелетаа авиони, а ние се подмочавме, ќе не’ бранат – ќе не’ бомбардираат !?!?

Но, мораме да си дадеме малку кредит за храброст, оти после децении, конечно, добар дел научија, дека колку и да се клиентелисти заради преживување, итроштината на Итер Пејо можеме и тоа како да си ја користиме – „да шефе, за твоите гласав“, лапај брашното и заокружи си кого сакаш – никој не може да те провери и контролира и се надевам дека само се повеќе ќе се охрабрувате и дека ќе гласате како најдбро ВАМ ви одговара, а не на тие кои ве дркаат секојдневно, една од ретките и можеби единствени придобивки на демократијата.

Нема да ги заборавам сликите на опозиционерите како мали деца, подмочани од радост славеа победа на локалните, оти дури ни сами не беа ни сигурни, ниту знаеа како и што ќе биде, а да не зборам за власта која абер немаше што се случува меѓу народот, како луѓето размислуват и колку им е дојдено преку тасета. Се’ на се’, јебе луд збуњеног стана фолклорна тривија ама за секој и за се’.

Моите фаворити за 2021

Шалапатало (#донирај_компјутер) да стане институција под државна капа и да добива максимална помош! Човекот сам повеќе направи од сите вас, говеда едни!!! – говорам гледаајќи се во огледало…

Орце да се брани од слобода и да прекине изживувањето врз него без икаков доказ. Данела да ги истера до крај сите криминални активности од претходникот кои мора да имаат правна разрешница, за да не се повтори онаква непогода од криминал и ароганција никогаш повеќе.

Мицкоски да секој ден биде во општина каде победија и да ги мрцвари своите да прават работат, и да не се осмелат да се курчат – оти изборите ќе се добијат само така – никако поинаку!
Да се направат радикални зафати во енергетскиот систем – на раб на пропаст сме! Никој не свесен по лагодноиста ваша.

Ако има некој кој може политчки да не’ обедини  – Митко Јанчев – никој друг, преголем играч со премала минутажа.

Да се разрешат и отпочнат процеси за сите несреќи и пожари – изгубивме луѓе небаре сме во војна, а веќе се заборава овој скандал без преседан!

Да се дише во врат на сите политички криминалци кои сега пакуваат куферите, да бидат под граѓанска-папарацо присмотра 24 часа, оти после пак ќе се чудиме у кој багажник пребегале.

Светот е у гомна до гуша- нам нема да ни биде подобро, но тешете се што ние сме со децении вака па научивме да преживуваме… ама искрено, мене ми е преку глава од тој серко Годо, џабе го чекам животот ми помина.

И на крај, мамата ваша хохштаплерска министерска! У кафани курајбери на надркани и нафатирани газди може се седи без маска, нашите деца 7 часа со маски!!!

Доста се ИЖИВЉАВАТЕ ВРЗ ДЕЦАТА! Дајте онлајн или остајте ги без маски – ненормални дегенерици!

Тенкјуендфакју во 2022

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.