Збришани 130 милијарди долари од крипто пазарот – Биткоинот паѓа незадржливо

Биткоинот нагло ја губи вредноста и оди кон нивото од 30.000 долари, што сега веќе сериозно ги загрижува сите заговорници на најпопуларните дигитални пари.

За потсетување, биткоинот денеска падна за околу 7 отсто спуштајќи се на најниско ниво од јули 2021, бидејќи инвеститорите почнаа да го распродаваат ризичниот имот поради страв од евентуален руски напад на Украина, пренесува Ројтерс.

Во целата таа ситуација, и пазарот на криптовалути изгуби вредност од околу 130 милијарди долари во последните 24 часа. Биткоинот сега се наоѓа на 51% пониско ниво од своето рекордно достигнување во ноември минатата година.

Биткоинот и другите криптовалути реагираат многу поагресивно на движењата на пазарот и стручњаците најавуваат дека биткоинот ќе се задржи на нивото од 30-32.000 долари.

Заговорниците на биткоинот често сугерираат дека дигиталната паричка е заштита од инфлација, но таа теорија сега се покажува како неточна. Аналитичарите велат дека постои загриженост дека ФЕД би можеле да ја разнишаат стабилноста на крипто-пазарот