Збунетиот Заев си противречи пред судот – не ја гледал па ја гледал изјавата на Николоски и му причинила „огромна болка“,

170

На рочиштето во процесот во кој премиерот и лидер на владејачката СДСМ Зоран Заев го тужи потпретседаетлот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за наводна клевета за изјавата дека е „капо ди тути капи“ на рекетот во Македонија, тужителот Заев уште еднапш се демантираше самиот себеси.

Во воведното излагање Заев сакајќи да опише колку тешко му паднала изјавата на Николовски, сподели дека ја гледал на ТВ Алфа. Иако изјавата беше дадена за сите медиуми, Заев како да имал потреба да спомне дека ја гледал на Алфа.

„Кога ја слушнав и видов оваа изјава на ТВ Алфа, телевизија со национална концесија, бев заедно со моите две деца, со моите двајца родители и сопругата,, грозотијата којашто беше пласирана пред целата македонска јавност пред медиум со ваква концесија предизвика огромна болка, тешкотија и мачнотија за тоа колку злобата кај некој човек може да отиде во крајност…“, изјави Заев на денешното рочиште.

Додаде и дека оваа изјава на Николоски. дека тој е главата на рекетот предизвикала трауми и тешки моменти кај членови на неговото семејство.

„И денес потсетувајќи се на тој момент можам да кажам само дека не му посакувам на никој да доживее таков момент како што јас го доживеав кога ја видов и слушнав изјавата на Николовски“, додаде Заев на рочиштето.

Но и покрај овој детален опис на моментот кога премиерот на Македонија гледал вести екипно со сите членови на потесното семејство, неколку минути претходно на прашање на Николоски одговори поразлично.

Николовски постави прашање до Заев зошто ниту Владата на Република Македонија, ниту СДСМ не ја демантираа оваа изјава откако беше дадена, на што Заев одговори:

„Не верувам дека не е демантирана воопшто, но еве сега како и секогаш, ако сум ја слушал, ќе сум ја демантирал“, рече Заев.

Оттаму самото посебе се наложува прашањето кога Заев пред судот и под заклетва ја кажува вистината?! Кога вели дека „ако ја слушнел ќе ја демантирал“, а не ја демантирал или, пак, кога тврдеше дека ја гледал со „целото семејство“?!

Меѓутоа, овој процес поставува уште едно исклучително прашање, во врска изјавата дадена при изрекувањето на пресудата во случајот „Рекет“ од страна на сега осудениот Бојан Јовановки „Боки 13“ кој изјави дека „парите од рекетот треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“. Односно дали Заеви воопшто го тужат „за клевета“ и Јовановски по ова негово тврдење. Или, сепак, и тој процес би донел до многу непосакувани сознанија за премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.