Здравјето на граѓаните и силна економија треба да се приоритетите за секоја држава, порача Арасовска

Подеднакво важна е грижата за здравјето на граѓаните како и вистинската грижа за националната економија што е основен услов за пристоен живот на сите граѓани, изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска во своето обраќање на конференцијата „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност” како дел од Економскиот и финансиски форум 2021 на Министерството за финансии.

Истакна дека е потребна силна институционална поддршка, што е еден од главните темели преку кои може да се постигне економски раст во следните години.

„Сојузот на стопански комори на Македонија предложи и поддржа голем број на економски мерки кои имаа огромни бенефити во зачувување на работните места и обезбедија одржливост на приватниот сектор соочен со пандемијата, особено за микро и малите претпријатија, што е важно за да се адаптира, преживее а потоа и закрепне националната економија“, додаде Арсовска.

Според Арсовска, важно е на претпријатијата да им се овозможат финансиски, но и нефинансиски мерки за поддршка, а тоа значи на граѓаните да им се понудат вистински промени кои ќе им овозможат подобар, достоен живот за сите.

„Она што граѓаните навистина очекуваат од Владата и институциите е борба против корупцијата и сивата економија, и ова е приоритет на кој треба активно да се работи. Овие предизвици треба да бидат решени системски, а владеење на правото е исто така од фундаментално значење“, кандидатката за градоначалничката должност на Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.