Здравко Чолиќ гради куќа на Златибор за пензионерските денови

156

Пејачот Здравко Чолиќ гради куќа на Златибор.

Како што пренесуваат балканските медиуми, тој купил плац на популарната српска планина и решил да изгради вила од 300 метри квадратни, каде ќе ги мине пензионерските денови.

Архитектонскиот план бил направен пред неколку дена, а наскоро треба да започне изградбата.

Целата внатрешност на куќата ќе биде модерно опремена, додека надворешноста ќе се вклопи во амбиентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.