Здравко Кривокапиќ поддржан од сите три коалиции за нов мандатар на црногорската Влада

Сите пратеници на новото парламентарно мнозинство во Црна Гора го поддржаа лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Здравко Кривокапиќ за мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора, соопштија од Демократски фронт, Демократска Црна Гора и Граѓанското движење УРА, пишува Вијести.ме.

Тие објавија фотографии од документот со потписите на 27 пратеници на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, 10 пратеници на коалицијата „Мир е нашата нација“ и четири пратеници на коалицијата „Црна на бело“, со барање до претседателот на државата Мило Ѓукановиќ да го предложи Кривокапиќ за мандатар.

Од Демократски фронт претходно предложија лидерот на коалицијата „Мир е нашата нација“ Алекс Бечиќ да биде претседател на Собранието, а Кривокапиќ мандатар на идната Влада.

Прочитајте и…  Трупите на САД остануваат во Литванија до јуни 2021 година

„Нас не интересира само иднината на Црна Гора и целиот нејзин народ“, соопшти пратеникот на Демократски фронт, Милан Кнежевиќ на денешната конститутивна седница на Собранието.