Здравко Мамиќ се повлекува од фудбалот!

Здравко Мамиќ потврди дека и официјално се повлекува од Динамо Загреб, но од фудбалот воопшто.

Контроверзниот бизнисмен и творец на најголемите успеси на Динамо во последната деценија во изминатите години живее во бегство во Босна, поради пресудата донесена за него во Хрватска.

Повлекувањето го потврди во интервјуто за „Глас Српске“.

Со ова интервју се простувам од Динамо и хрватскиот фудбал. Да не беше смртта на Ќиро Блажевиќ веќе ќе одржев прес-конференција за новинарите и официјално ќе кажев збогум. Во емотивна смисла никогаш нема да се откажам од Динамо, тој е мојот живот, но кога во прашање е мојата работа и учество во било какво управување, дефинитивно е мое минато. Може така да се каже, изјави Мамиќ.

Смртта на легендарниот Ќиро Блажевиќ била само причина плус за ваквата одлука на Мамиќ.

Динамо во смисла на било каков мој ангажман е минато. Повеќе нема да се занимавам со Динамо, ниту со фудбалот воопшто. Ќе бидам само обичен навивач. Влегувам во есента од мојот живот, најмногу ме потресе смртта на Ќиро, иако почина и мојот татко. Мислам дека во оваа време тоа остави најголем почет. Некои работи до тогаш не ги разбрав добро, по смртта на Ќиро подобро ги сфатив и моето простување од фудбалот е конечно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.