Здравковски: Лажната опозиција од Левица промовира бојкот за попис, а самите се пишале за реонски попишувачи

Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил напиша дека Левица промовирала бојкот на пописот, а всушност сопругата и братот на кандидат за советник од Левица се пишале за реонски попишувачи.

  • Лажнава опозиција од Левица промовира бојкот со паролата #НеОтварамВрата, арно ама не само шо не отварале, они да ти се молеле да им отворат… Сопругата на кандидатот за градоначалник под реден број 32, братот на кандидат за советник во горните места на листата за Велес под реден број 52, а претпоставувам и други членови се пишале за реонски попишувачи на #ПОПИС2021… Џабе глумите мачиња, сработете си го договореното и ќутете си, стои во Фејсбук објавата