Здравковски: Наместо власта да ги решава проблемите на граѓаните тие трошат милионски суми на сомнителни договори за коридорите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите” ја посети општина Чашка каде што во директна комуникација со граѓаните ги слушна нивните проблеми. Здравковски од Чашка истакна дека власта наместо да ги решава проблемите на граѓаните таа троши милионски суми на сомнителни договори за коридорите 8 и 10 Д.

Почитувани денес во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите” продолжуваме во општина Чашка. Општина Чашка е една од најголемите и најубавите општини во Република Македонија и изобилува со многу природни ресурси, меѓутоа  најголемиот проблем за дел од жителите во оваа општина е што во летниот период има голем недостаток на вода, меѓутоа наместо власта да го реши овој проблем тие трошат милионски суми народни пари за „Бехтел” и Енка, крадење на институциите и тн. Евидентна е лошата инфраструктура, лошата индустрија, лошото стопанство во овој регион, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ има решение, и во претходната програма и во наредната ќе предвидиме да продолжи делницата од автопатот 10 Д општината Чашка да биде поврзана и со Велес и со Прилеп со едно брзо сообраќајно решение и така да ја развиваме инфраструктурата. Продолжуваме посветено, тука сме за да ги слушнеме проблемите тука сме и да најдеме решение на проблемите”, нагласи Здравковски.