Здравствен дом-Гевгелија доби најсовремен апарат за биохемиски анализи

Здравствениот дом во Гевгелија денеска доби најсовремен апарат за биохемиски анализи вреден 85.000 евра.

Апаратот, кој го набави Министерството за здравство, нуди широк спектар на рутински и специјализирани лабораториски услуги и испитување на крв и урина.

-Стручниот тим и современите инструменти со кои сега е опремена лабораторијата ќе овозможат изработка на голем број биохемиски параметри во строго контролирани услови и висока точност на резултатите. Анализите сега ќе се изработуваат со мали количини примерок и за кусо време, затоа што многу се поедноставуваат комплексните биомедицински тестирања, изјави директорот на ЈЗУ Здравствен дом- Гевгелија, Александар Атанасов.

Пред неколку дена, Општата болница во Гевгелија доби нов современ дигитален мамограф набавен од Министерството за здравство.