Придобивки од кофеинот кои не сте ги знаеле

Кафето е еден од најомилените пијалоци во светот и повеќето од нас не можеме да си го замислиме утрото без шолја топло кафе.

Освен што успешно го „буди“ организмот и нѐ расонува, содржи и висок левел на антиоксиданси и хранливи материи кои го чуваат, но и влијаат позитивно на здравјето.

Во 1583 година германскиот лекар Леонард Рауволф, го дал следниот опис за кафето, по враќањето од десетгодишниот престој на Блискиот Исток:

Пијалок црн како мастило, корисен против голем број на заболувања, особено кај оние на желудникот. Неговите корисници го пијат наутро, во порцеланска чаша која е кружна и од која секој пие полна чаша. Тоа е составено од вода и плодови од грмушка наречен бунну.

Истражувањата покажуваат дека консуматорите на кафе имаат далеку помал ризик за сериозни заболувања:

Ја подобрува меморијата

Според мислењето на невролозите и токсиколозите, кофеинот влијае на деловите од мозокот кои се одговорни за концентрација и меморија и на тој начин директно придонесува за подобрена меморија.

Го намалува ризикот од дијабетес тип-2

Дијабетесот е честа болест ширум светот, која се карактеризира со покачено ниво на шеќерот во крвта, предизвикано од неможноста на телото да произведе инсулин. Токму кафето нуди неколку начини за справување со ова нарушување и има многу бенефити во борбата против оваа болест.

Кофеинот го регулира шеќерот во крвта со тоа што му помага на телото да го користи инсулинот. Делува и превентивно на ткивото и го штити од оштетување, а тоа резултира со помал ризик од воспалителни процеси во телото, што е исто така фактор за појава на типот дијабетес 2.

Кафето е здраво за срцето

Не мора да бидете искусен кардиолог за да знаете дека кафето е „поддржувач“ на работата на срцето. Всушност, ја заштитува мускулната комора на срцето и превенира оштетување на артеријата, која е често подложна на воспаленија. На овој начин, појавата на многу срцеви заболувања е избегната, вклучувајќи ги најчестите болести како висок крвен притисок, тромбоза и срцев удар.

Го штити црниот дроб

Неодамнешно истражување, спроведено во Турција, покажало дека постои инверзна (обратна) врска помеѓу консумацијата на кафе и количината на ензими (ферменти) во црниот дроб. Зголеменото количество на одредени типови ензими во организмот резултира со инфекции и оштетување на црниот дроб. Токму затоа, обратната релација подразбира: колку повеќе кафе, толку помало ниво на ензими.