Здравствените работници на протест против насилството врз нив

27

Мод мотото „Доста е! Стоп за насилството врз здравствените работници“ денеска во 11 часот ќе се одржи протест на здравствените работници, инициран од неодамнешните напади во неколку здравствени установи и и како потсетување на се поголемата зачестеност на ваквите напади.

Организатор е Асоцијацијата на млади лекари специјализанти, а поддршка дадоа Синдикатот на Клинички центар и други здруженија на здравствени работници и министерот за здравство Венко Филипче, кој е од фелата и најави учество на протестот.

Протестот ќе биде на повеќе локации: Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден з апауза од 11 до 11.30 часот.

Според статистиката што ја објавија во изминативе 9 месеци се случиле дури 15 случаи на напади врз докорти.

Последните неколку беа овој месец, во Поликлиниката Драчево, во Тетово и во Кавадарци и последниот во поранешната градска болница „Свети Климент Охридски“, кога интервенираше и полицијата, а еден од напаѓачите беше и приведен.

Филипче минатата недела најави дека професионално обезбедување ќе се грижи за безбедноста на медицинскиот персонал во дел од болниците. Како најкритички локации што се планира да добијат обезбедување се старата градска болница „Свети Наум Охридски“, Ургентниот центар, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за психијатрија.

Според министерката за правда Рената Десковска, напад врз здравствен работник е исто како и напад врз полицаец и за тоа е предвидена казна затвор во траење од една до 10 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.