Здружението „Блаже Коневски“ протестира пред МНР против договорот со Бугарија

Здружението „Блаже Коневски“ во четвртокот протестира пред зградата на МНР против потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија кое треба да се случи на Илинден, 2-ри Август.

„Пријателство ДА, заедничка историја НЕ“, „Поклонете се пред споменикот на Ѓорги Димитров“, „Стоп за поделбата на Македонија“, пишува на дел од транспарентите кои ги носат присутните.

Од здружението посочуваат дека се за соработка меѓу Македонија и Бугарија, но преку трговски и економски договори, а не преку договори со кои два различни народи би имале една, заедничка историја.

Оттаму велат и деmnr 02ка ќе продолжат со активностите за да го спречат овој договор, но и оти доколку тој се потпише, тие ќе се организираат помасовно.

Дека овој договор е срамен и Македонија би изгубила многу со него велат и експертите и историчарите.

Никола Србов во своето интервју за телевизија Алфа изјави дека во самиот старт држењето на толку важен договор во тајност создава сомнеж кај народот за импликациите кои ќе ги има договорот по македонските национални интереси.

Според Србов, секој народ има своја историја, по аналогија на нештата тоа значи дека ние со Бугарија не би можеле да имаме заедничка историја. Во договорот станува збор за два различни народи, но делот со заедничка историја ја поништува теоријата за два различни народи. Со овој договор ќе се оставарат соништата на бугарските историчари кои со векови се обидуваат да ја присвојат македонската историја. Нивна примарна цел е да докажат дека во Втората светска вmnr 03ојна во Македонија станувало збор за идеолошка војна на еден народ.

Сличен е ставот и на професорот по историја Никола Жежов, кој вели оти со овој договор ќе бидат исечени корените на македониот идентитет.

„Сметам дека односите помеѓу Република Македонија и Бугарија ако се потпише овој договор нема да се подобрат, напротив ќе се влошат уште повеќе и тоа што се градело со децении наназад за подобрување на односите помеѓу двете држави преку ноќ се се сруши“, рече Жежов.

Истакна и дека доколку се прифател членот за заедничка историја на двете држави ќе се исечат корените на македонскиот идентитет и тогаш ќе излезе дека Македонците ја признаваат тезата дека се настанати како вештачка нација.