Здружение „Напредни лозари“: Политиката да се тргне од лозарството

34

Од Здружението на лозари од тиквешкиот регион  „Напредни лозари”  вечерва апелираа политиката да се тргне од лозарството. Истакнуваат дека се оградуваат од сите обиди на борбата за лозарството да и се даде политичка димензија и истакнуваат дека Владата одлучи да субвенционира два денара по килограм лозје.

– Нашето  Здружение деновиве, по бројни активности, успеа да се договори со Владата да биде исплатен ланскиот интервентен денар по килограм грозје и годинава да се одвојат по два денара за килограм државна субвенција, изјави претседателот  на „Напредни лозари“ Трајче Кулев, по блокадата на патот Градско-Прилеп кај Росоман организирана од новоформираното Здружение на лозароовоштари.

Тој потсети дека во изминатиот период Здружението имаше неколку средби со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалници и пратеници од тиквешкиот регион на кои се бараше решение гроздоберската сезона да помине што е можно подобро за пласман, цена и услови на плаќање.

– Ако Владата не интервенираше со субвенции немаше да има ниту Л од лозарството, нашите барања се насочени главно кон винарските визби од кои се бара повисока откупна цена, велат од Здружението „Напредни лозари“.

Дополнуваат дека како Здружение нема да дозволат политика да навлезе во, како што наведуваат, целиот процес на договарања за подобри денови на лозарите како што од другата страна тоа го правеле некои во целата оваа работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.