Здружение „Наши”: Kампања за споделено родителство после развод

Здружението „Наши” покренува кампања за промена на дискриминаторскиот закон за семејство и брак и се вклучува во процедурата за носење нов закон за 50-50 родителство, или одговорно родителство со кое децата и по развод ќе имаат пристап до двајцата родители подеднакво, заради неопходната потреба за двете родителски фигури во животот на детето….

Во растот, развојот и воспитанието на децата – подеднаков удел имаат двајцата родители, и тато и мама.
Двата сензибилитети се потребни за формирање комплетна, здрава, продуктивна, исполнета личност…
Отсуството на еден од суштинските принципи во животот на детето, остава неизбришлива трага врз детето од која последици ќе трпи цел живот….
Секогаш нешто ќе недостасува….

За исполнето детство и среќен живот, потребни се и Мама и Тато.
Затоа,
#5050родителство
#ЗаДецатаСеРаботи ❤️

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.