Здружение Прилепски бранители: Стоиме зад предлогот Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи

Бранителите стојат зад Драган Ковачки за нов министер за внатрешни работи, велат од Здружението Прилепски бранители.

-Како Здружение на бранители стоиме зад предлогот Драган Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи. Како наш соборец од 2001та година, секогаш ќе стоиме зад човек кој е спремен да и служи на Македонија. Целосно се спротивставуваме на отпорот и критиките кон неговото име. Патриот и служи на татковината секогаш и секаде и во сите околности. Очигледно неговата безстрашност предизвикува страв за криминалците, неговиот патриотизам предизвикува неспокој кон оние кои газат врз бранителите и нашата Македонија, потеницираат од Здружанието и додаваат:

„Ковачки предизвикува отпор, кај оние кои виткаат кичма, и се плашат од човек кој не се пазари со светата Македонска земја. Човек кој го веел и со гордост носел Македонското знаме во НАТО, Авганистан и Ирак, кој ја бранел нашата татковина заслужува денес да ја брани од криминалот, корупцијата и од виткањето кичма“.