Здружението „8-ми Септември“ со поддршка за утрешниот протест на стечајците

Здружението за граѓанско општество „8-ми Септември“ соопшти дека како организација која се бори за подобрување на социјалната состојба на граѓаните, изразува отворена поддршка за најавениот протест на стечајните работници кој ќе се одржи утре во 10 часот пред Сојузот на синдикати на Македонија.

„Стечајните работници кои повеќе од шест години протестираат барајќи од државата основна егзистенција се лица кои што ја граделе и ја создавале оваа држава. Од вредните раце на овие луѓе се и изградени денешните објекти каде што се сместени институциите кои немо молчат на барањата на стечајците, а се под директива на власта“, се наведува во соопштението.

Граѓанското здружение ги повикува сите граѓани кои ги поддржуваат стечајните работници да се придружат на утрешниот протест.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.