Здружување на главните издавачи на весници во САД

Американската компанија „Ну Медиа Инвестмент Груп“ го откупува својот конкурент „Ганет“ за 1.38 милијарди американски долари.

Во заедничкото соопштени за јавноста се укажува дека „Ну Медиа“ ќе плати за акциите на „Ганет“ со кеш и сопствени акции. По затварањето на зделката која треба да се заокружи до крајот на 2019 година, акционерите на „Ганет“ ќе бидат сопственици на 49.5 отсто од новата компанија, а „Њу Медиа“ ќе владее со 50.5 отсто.

Здружената компанија ќе се нарекува „Ганет“ и нејзнин управител ќе биде, Мајкл Рид, сегашен генерален директор на „Њу Медиа“.

Според „Ниман лаб“, истражувачки институт на Универзитет Харвард, по завршувањето на зделката окрупнетата компанија ќе биде сопственик на шестина од сите дневни весници во САД.

„Њу Медиа“ е еден од најголемите издавачи на локален печат во САД во чија сопственост се 146 дневни и 328 неделни весници во 39 сојузни држави. „Ганет“ е сопственик на националното гласило „Ју-Ес-Еј Тудеј“ и на 160 други изданија. Голем дел од овие изданија се онлајн новостни портали.

Во соопштението се вели дека „здружувањето ќе создаде мрежа од талентирани, искусни новинари спремни да создаваат оригнални и ценети содржини за локалните заедници и за националната публика“.

„Њу Медиа“ е лоцирана во Њујорк, „Ганет“ е со седиште во Меклин, предградие на Вашингтон.