Зекири: Ахмети повторно лаже

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири преку социјалните мрежи изрази сомнеж за дадените изјави на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во врска со настанот во кој повреден беше синот на пратеникот Џеват Адеми.

-Кој ли ја зборува вистината, Али Ахмети или Јусуф Билали очевидец и сведок на настанот (чиј син беше ранет)?, прашува Зекири.

-Случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џеват Адеми повеќе е проблематизиран во медиумите од потребното. Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, па затоа треба да се почека органите на редот да го кажат својот збор, е коментарот на претседателот на ДУИ.

Инцидентот се случи на свадба во Мала Речица, кој крајот на јули, каде при пукање повредени беа синот на пратеникот и уште едно момче.

Таткото на повредениот Билали вели дека бил сведок на целиот инцидент за тоа како Џеват Адеми заедно со друго лице испукале со огнено оружје при што од испуканите куршуми ги раниле неговиот син и уште еден млад човек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.