Зекири: Ако не беа Албанците, СДСМ немаше да биде на власт

Потпретседателот и пратеник на СДСМ во Собранието на Република Македонија, Мухамед Зекири, во интервју за „ТМ Дејли“ кое се емитува на македонски Телеграф, зборуваше за политичките настани во земјата, како и за правата на Албанците во Македонија. На прашањето за улогата на Албанците во партијата на која припаѓа, тој рече дека ако не беа Албанците, СДСМ денес не би биле на власт.

– Колку е важен Албанецот за СДСМ се покажа и на избори во 2016 година. Ако не беа Албанците, СДСМ денес немаше да биде на власт. И ова го знае целата внатрешна и надворешна јавност, рече Зекири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.