Зекири благодарен на Заев и Алах за апсењата, но и за ослободувањето на осомничените од „Монструм“

1243

Потпретседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Мухамед Зекири, му се заблагодари на Алах по денешната одлука на Врховен суд четворицата осудени за случајот „Монструм“ да бидат пуштени на слобода. „Elhamdulilah“ (благодарноста ти припаѓа само на тебе Алах), напиша пратеникот на својот профил на „Фејсбук“.

Секој момент се очекува излегувањето од затворот во Идризово на Агим Исмаиловиќ и на Хаки Азири, a Фејзи Азири и Сами Љута веќе се на слобода, а беа пречекани со аплаузи и овации пред затворот.

До повторувањето на судскиот процес ним им е забрането да го напуштат живеалиштето односно престојувалиште и мораат два пати неделно да се јавуваат во Основниот суд Скопје 1. Заедно со уште двајца што пребегаа на Косово, тие беа осудени на доживотен затвор со обвинение за убиство кај Смилковско Езеро на Филип Славковски (18), Цветанчо Ацевски (18), Александар Наќевски (18), Кире Тричковски (20) и Борче Стефковски (45) на 12 април 2012 година.

Покрај на Алах, Зекири му се заблагодари и на партискиот шеф и премиер Зоран Заев само неколку часа по масовното апсење во вторникот за настаните од 27 април во Собрание.

„Човек од збор ЗОРАН ЗАЕВ!!! Правда мора да има”, е пораката што тогаш ја постира вториот човек на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.