Зекири: Не сум бил на ниту еден ифтар

42

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, за „Слободен печат” тврди дека не бил на ниту една ифтарска вечера и дека немал ни дозвола за движење во полициски час и ниту еднаш не го прекршил полицискиот час.

Засега единствените симптоми што ги има се блага главоболка. И неговата сопруга и бебето се добри.

-Не сум бил на ниедна ифтарска вечера. Јас сум тој што повикуваше да се казнуваат тие што одат на такви собири. Ние само за Бајрам отидовме до кај брат ми за да ја види малата првпат после три месеци! Не сум мрднал од дома освен за неодложни обврски. Брат ми со семејството ќе се тестираат допрва – ни рече Зекири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.