Зеколи: „Дали е време ЕУ и ОЛАФ да отворат истрага за улогата на холандската амбасада во масовното рекетирање и корупција?“

281

Дали ќе се побара од ОЛАФ (Европската канцеларија надлежна за истраги поврзани со измами, при Европската комисија), да ја истражи евентуалната поврзаност меѓу холандскиот амбасадор во Македонија, Волтер Пломб со случајот со рекет за кој е во притвор Бојан Јовановски.

Постои ли некаква поврзаност меѓу холандскиот амбасадор Пломб и последниот случај на рекет во Македонија ?

Ова прашање на Твитер го постави политичкиот аналитичар и коментатор, поранешeн дипломат, Арсим Зеколи :

„Пред неколку години предупредував дека на крајот, „бомбите” на Заев ќе бидат детонирани во западните медиуми и дипломати. Последните вести за амбасадорските “заштитници” на Јанева потврдуваат дека сме мал чекор подалеку од ваквиот епилог“, пишува Зеколи и дополнително прашува :

„Дали е време ЕУ и ОЛАФ да отворат истрага за улогата на холандската амбасада во случајот за масовното рекетирање и корупција во врска со специјалната обвинителка Катица Јанева? Со посебен фокус на Амбасадорот Валтер Пломб и локални функционери кои тој ги претпочита ?“

„Years ago I’ve been warning that at the end, Zaev’s “bombs” will detonate in western media & diplomacies. Latest news on ambassadorial “protectors” of Janeva confirm that we are small step away from such epilogue.

Arsim Zekolli
@ArsZek
Is it time for EU & OLAF to open an investigation into the role of Dutch Embassy in the massive racketeering & corruption case involving Special Prosecutor Katica Janeva? With special focus on Ambassador Walter Plomp & his preferred local

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.