Зеколи: Нема ништо потажно од изнасилениот кисел хумор на владините мегафони

“Нема ништо потажно од изнасилениот кисел хумор на владините мегафони и клиентелни шмекери. Сведени на полустих од Мандиќ “смејем се, а плакао бих”, твитуваше во петокот Арсим Зеколи.

Неговата објава доаѓа по објавувањето на новото продолжение од видео-материјалите поврзани со случајот „Рекет“, во кој засега единствено се притворени Бојан Јовановски „Боки 13“ и Зоран Милески Кичеец. Зеколи алудура на обидите да се минимизира одговорноста на првите луѓе во власта со случајот на рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев за возврат на прекинувањето на истргата за случајот “Империја“, која ја водеше Специјалното јавно обвинителство.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.