Зелената дигитализација ќе отвори нови работни места рамномерен развој во сите региони во државата

Потребата и предизвиците при намалување на потрошувачката и загубите на енергија во процесот на дигитализацијата на општеството беше тема на средбата на директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и претставници на проектот „Go Green-компјутерската моќ станува зелена” со новинарите. Последните години се зголемува буџетот за за регионален рамномерен развој преку поддршка на регионални проекти за развој на општините при Бирото за регионален развој (БРР), но се уште не го достигнува законски предвидениот износ од 1 процент од БДП.

„Во државава од осумте региони најразвиен е Скопскиот плански регион, а најмалку развиен регион е Северно-источниот планскиот регион. При тоа, внимаваме да се усогласи развојот меѓупланските региони, каде најмалку развиениот плански регион добива најмногу пари. Со усогласувањето очекуваме да запре миграцијата на младите од другите во скопскиот регион или иселувањето од државата. Да придонесеме и кажеме дека има надеж за живот, да оствариме подобри услови за да останат во Македонија“, објасни директорот на БРР Рамиз Реџепи.

БРР финансира четири сегменти – проекти за развој на плански региони, урбани средини, развој на села, и развој на подрачја со специфични развојни потреби. Притоа, 55% од поддршката одат за плански региони, и по 15% за трите останати сегменти.

„Следи трансформација на Бирото во Агенција, за што е формирана работна група од Министерството за локална самоуправа, финансиски поддржана од УСАИД. Изработена е физибилити студија со три предлози за трансформацијата, која е потребна за да ги исполниме условите за искористување на средствата од ЕУ за регионален развој. Односно Агенција ќе биде акредитирана институција и ќе овозможи пристап до нови средства од ЕУ. Претстои подготовка на законско решение за трансформација и после се оди кон акредитација на таа агенција“, дообјасни Реџепи.

Проектот „Go Green-компјутерската моќ станува зелена” е прв проект на Бирото финансиран од ЕУ. Раководителот на сектор за имплементација на проекти за регионален развој Лидија Марков објаснува дека дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор стана европски приоритет за зголемување на конкурентноста, и соодветно тоа е и наш национален приоритет.

„Во согласност со целите на ЕУ за ‘двојна транзиција’, важно е да преземате активности кои поддржуваат одржлива дигиталната трансформација. Согласно главната цел на проектот е да го промовира усвојувањето на интегриран пристап и рамка за создавање комбинирани зелени и дигитални иницијативи за трансформација на националното и транснационално ниво, што ќе доведе до ‘позелено’ функционирање на дигитални инфраструктури кои користат центри за податоци.  Главните целни групи се јавен сектор како регионалните власти, универзитетите,
професионалните здруженија, како и приватниот сектор и граѓаните на програмската област преку создавање одржлива и поконкурентна економија со подобрени еколошки услови, култура на дигитална трансформација и создавање релевантни можности за работа“, вели Марков.

Потребата да се најде решение затоа што со напредокот на дигитализацијата “се јавува и феномен – дигитална инфраструктура, податоци, трошат енергија и доведуваат до појава и за губи на енергија.

„Предвидувања за 4-5 години се дека дигиталните технологии ќе биде меѓу 5 и 9%. Се создава температура која влијае на емисијата на гасови. Овие појави ја актуелизираат зелената дигитализација, односно како да се преземе одговорност. Направивме анализа и за Македонија според која избравме три области каде ќе се одрази – градежен, земјоделство и јавен сектор со фокус на отпадот. Во овие сектори се предвидени огромни инвестиции во дигитализација и секој сектор треба да преземе обврска за зелениот аспект. Направивме директни контакти со институции кои имаат големи центри на податоци. Во јавен сектор не е почнат, но во приватниот сектор почнува да се користат обновливи извори на енергија. Потоа, топлината од создавање
податоци може да се искористи повеќе пати, но кај нас има потреба од промена на законска регулатива да се реши овој аспект“, вели професорот Иванов.

Според него. овие процеси ќе отворат и нови работни места и зелен развој.

Игор Мишевски, консултант на проектот го објасни Барометар, односно модел за проценка на подготвеност на Институции во која мера може да се дигитализираат, како една од активностите на проектот.

„Во ЕУ има две движења во однос на искористување на два типа технологии и можности (заштита на животна средина и искористување на дигитализацијата). Проектот преку анализите и барометарот дава смерница кои може да се користат во идни проекти и процеси. Сите информации да се стават за подобро искористување на идни фондови за зелена дигитална трансформација. Прв е јавниот сектор и ЕУ фондовите може да овозможат шанса за развој, но тука се и земјоделството (дигитална трансформација и зазеленување на бизниси) и градежниот сектор (енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија за загревање, искористување паметни
технологии). Тука се и други сектори – информатички сектор кој се преклопува низ целата дигитализација и другите сектори кои може да доживеат зелена трансформација“, вели Мишевски.

Go_Green е финансиран од ЕУ во рамките на Interreg Balkan Med Program 2014 – 2020.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.