Општина Зелениково, фабриката за сокови во Моране, жителите во тоа село, како и Драчево и Студеничани, денеска од 9,30 до 15 часот ќе бидат без вода за пиење.
Прекинот е поради промена на затворачи во препумпна станица Драчево, па хидрофорот во Студеничани и препумпната станица во Моране нема да работат.