Зеленски ја повика Велика Британија да се вклучи во истрагата за авионската несреќа во Техеран

23

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика Велика Британија да се вклучи во истрагата  за авионската несреќа на украинскиот авион во Иран, во која погинаа 176 лица.

Зеленски повикот го упати во текот на телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, кој, како што соопшти канцеларијата на украинскиот претседател, ја прифатил оваа идеја.

„Претседателот на Украина го повика Обединетото Кралство да и се приклучи на истрагата. Борис Џоснон ја поддржа идејата и истакна дека најдобрите британски експерти треба да учествуваат во расветлувањето на сите околности од трагедијата“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Зеленски, пренесено од британските медиуми.

Според меѓународните воздухопловни правила, Иран е одговорен за спроведување на истрагата за падот на авионот.

Во несреќата погинаа и тројца британски државјани.

Во авионот што се урна во близина на аеродромот во Техеран, се наоѓале 167 патници и членови на екипажот, а полетал за Киев.

Во несреќата погинаа 82 државјани на Иран и 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан и Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.