Зеленски ја прозва Лепен да признае дека се „измамила“ во врска со Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика во средата кандидатката на француските претседателски избори од крајната десница Марин Лепен, на којашто ѝ се забележува блискост со Русија, да признае дека се „измамила“ и додаде дека не сака да ги „загуби“ односите со Емануел Макрон, актуелниот претседател кој според анкетите повторно ќе ја извршува должноста по гласањето во недела.

„Доколку госпоѓаа кандидатка сфати дека се измамила (…) нашиот однос би можел да се промени“, рече Зеленски за француската телевизија BMFTV.

Меѓутоа, продолжи Зеленски, „не сум убеден дека имам право денеска да влијаам на она што се случува кај вас“.

Марин Лепен и Емануел Макрон, кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, во средата вечерта треба да се соочат во традиционалната и клучна телевизиска дебата.

„Сакам да кажам дека очигледно одржувам врски со Макрон и не би сакал да ги загубам“, рече Зеленски.

На Марин Лепен ѝ беше забрането влегувањето во Украина во јануари 2017 година, откако таа го поддржа присоединувањето на Крим на Руската Федерација по двата референдума на доминатното руско население на црноморскиот полуостров по прозападниот преврат во Киев во 2014-та, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

Но Лепен ја осуди офанзивата којшто Русија ја започна на 24-ти февеераури во Украина, но повторно повика на „приближуивање на НАТО и Русија“, кога оваа војна ќе заврши.

На Западот ѝ забележуваат и затоа што во текот на кампањата за претседателските избори во 2017 година се сретна со Владимир Путин во Москва, и затоа што нејзината партија откако беше одбиена од француските и други западни банки подигна кредит од 9 милиони евра од руска банка.