Зеленски бара исклучување на Русија од ФАО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара денеска исклучување на Русија од Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), со обвинувања од Киев дека Москва ги блокира и краде украинските житарки, пренесува Бета.

„Не може да се зборува за продолжување на членството на Русија во ФАО. „Какво би било местото на Русија ако предизвика глад за најмалку 400 милиони луѓе, можеби дури и милијарда“, рече Зеленски во видео обраќањето на министерскиот состанок на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), пренесува агенцијата Франс прес.

Тој исто така рече дека руската инвазија на неговата земја претставува закана за животната средина и може да доведе до опасно загадување на Азовското и Црното Море, пренесува АП.

Зеленски во своето обраќање пред министрите ја истакна потребата земјите да се одделат од рускиот гас и да се одлучат за зелена енергија.