Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите на Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ставот и целите на Киев остануваат непроменети, и покрај најавите за претстојните референдуми во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и во регионите Херсон и Запорожје.

„Позицијата на Украина не е променета поради „некоја врева“ од Русија и нашите партнери целосно нè поддржуваат во тоа“, рече Зеленски во синоќешното видео-обраќање.

Рече дека „ставовите на Украина се јасно дефинирани и добро познати“ и тоа е она што треба да биде во фокусот.

Зеленски повика и на „поголема поддршка за вооружените сили на Украина, разузнавачките служби, силите за специјални операции, Службата за безбедност на Украина, Националната гарда, полицијата, граничарите, сите оние кои постепено го враќаат територијалниот интегритет на Украина“.

Нагласи дека во ова наидува на разбирање не само кај сојузниците, туку и кај оние земји кои се обиделе да се држат настрана од конфликтот што се води во Украина

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.