Зеленски е подготвен да преговара со Русија

Украинскиот претседател се надева дека мировните преговори ќе донесат практични резултати

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност за преговори со Русија. Тој побара израелскиот премиер да свика мировни преговори во Ерусалим.

„Група Украинци и руски претставници разговараат за одредени прашања. Тие почнаа да зборуваат за нешто, а не само да фрлаат ултиматуми“, рече Зеленски во саботата, за време на прес-конференцијата со странските медиуми.

Киев е на ставот дека какви било разговори од висок профил со Русија треба да се водат на неутрална територија, рече Зеленски, наведувајќи го Израел како потенцијален домаќин на таквите преговори.

„Разговаравме со израелскиот премиер и реков дека не е во ред да се одржуваат состаноци во Русија, во Белорусија. Не зборувам за технички состаноци – зборувам за состаноци на лидери. Мислам дека Израел може да биде таква земја, изјави Зеленски.

Сепак, рече претседателот, доколку исходот e успешен, на неговата земја ќе и требаат одредени „безбедносни гаранции“ дека тековниот конфликт е решен не само од перспектива на Русија, туку и од перспектива на Западот. Израел може да дејствува како гарант во тој поглед, предложи тој.

Досега руската и украинската делегација трипати се сретнаа во Белорусија за да разговараат за тековниот конфликт. Освен што постигнаа одредено разбирање за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од борбените зони, двете страни не постигнаа никакви опипливи резултати.

Во четвртокот во турскиот туристички град Анталија се одржа состанок од повисок профил, кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Овие дискусии, исто така, се покажаа неубедливи, при што Кулеба ги опишa како „тешки“, а Лавров рече дека украинските власти „секогаш сакаат да ја заменат вистинската работа за спроведување на договорите со измислување нови формати“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.