Зеленски e во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обидува да ја зајакне поддршката од клучните сојузници во борбата против руската инвазија, слета во Берлин нешто по полноќ во неделата, според објавата на неговиот Твитер профил.

„Веќе во Берлин“, напиша Зеленски на Твитер, кој во германската престолнина дојде од Италија, каде во саботата се сретна со италијанските власти и со папата Франциско.

Украинскиот лидер последен пат ја посети Германија во февруари минатата година, непосредно пред избувнувањето на војната, кога учествуваше на седницата на Советот за безбедност во Минхен.

Германија се соочи со критики за нејзиниот колеблив одговор на почетокот на војната во Украина, но стана еден од најголемите даватели на финансиска и воена помош за Украина.

Во саботата, таа објави воена помош во вредност од 2,7 милијарди евра (3 милијарди долари) за Украина, што е најголемиот таков пакет од почетокот на руската инвазија и вети натамошна поддршка за Киев онолку колку што е потребно. Германија исто така прифати околу еден милион украински бегалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.