Зеленски ги одби преговорите со Москва во Минск, руската војска влезе во Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија и истакна дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

„Доколку немаше агресивни дејствија од вашата територија, би можеле да разговараме во Минск… Секако дека сакаме мир, сакаме да се сретнеме, сакаме војната да заврши. Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку, им ги понудивме на Русите. Би ни одговарал и кој било друг град, во земја од чија територија не се гаѓаат проектили кон нас. Само на тој начин преговорите можат да бидат фер и навистина да се стави крај на војната “, изјави украинскиот претседател Влaдимир Зеленски.

Украина формира „меѓународна“ легија од доброволци од други земји, објави Зеленски во неделата, пренесе Reuters.

Кремљ во петокот соопшти дека неговата делегација пристигнала за состанок со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

Главниот град Киев и другите украински градови биле нападнати во текот на ноќта, јавуваат агенциите, додека земјата влезе во тетиот ден од почетокот на руската воане операција во соседната земја, по еднодневното запирање во очлекувањето на украинскиот одговор на понудата за преговори. Украинските власти ги предупредија жителите ширум земјата да се подготват за воздушни напади кои започнаа во раните утрински часови по локално време.

Во текот на ноќта Киев беше нападнат од руската војска и ракети, а во градот се огласија и сирени.

Претходно челниците на Харков известија дека на улиците се води тешка борба и дека украинската војска го елиминира непријателот и ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.

Украинските сили се борат со руските војници на улиците на североистичниот град Харков, реле егионалниот гувернер Оглег Синегубов,

„Лесни возила на рускиот непријател влегова во Хакров, вклучително и во градскиот центар. Украиснките вооружени сили го уништуваат непријателот. Ги повикуваме цивилте да не излегуваат“, додаде Сингегубов.

Видеоснимките кои ги објави Антон Херашченки, советникот на министерот за внатреши работи и Украинската државна слуќба за специјална заштита на коминикациите и информациите покажуваат неколку лесни воени возила какои се движат по улица и, одвоено, тенк во пламен.

Руското министерество за одбрана објави дека руските сили целосно ги блокирале јужните украински градови Херсон и Берјнаск, го заземале градот Херниченск и аеродромот крај Херосн, пренесе агенцијата РИА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.