Зеленски ги повика припадниците на малцинствата во Русија да дадат отпор на мобилизацијата

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, за разлика од Украина каде се мобилизираат припадниците на сите етнички заедници па и Русите, ги повика припадниците на малцинствата во Русија да дадат отпор на делумната мобилизација на резервниот состав на руската војска, порачувајќи дека „не мора да загинат во срамната војна“.

Зеленски овој повик го испрати во видео-обраќање во пресрет на церемонијата во петок рано попладне во Кремљ на кој ќе биде одбележано присоединувањето на Русија на четирите југоисточни украински региони каде мнозинското руско и рускојазично население на референдуми се одлучи за таквиот чекор.

Во пропагандните објави во западните медиуми се тврди дека наводно во воените контингенти кои се испратени во Украина наводно претежно се припадници на малцинствата, главно од Кавказ на југот на Русија и од Сибир и оти наводно во сиромашните делови на земјата избувнале протести против мобилизацијата на само 1 отсто од 25-милионскиот резервен состав на руската војска. Притоа се избегнува фактот дека, околу 85 отсто од населението се изјаснува како Руси, како и дека како доброволци во руската војска се пријавуваат и жители од поранешните советски републики, и од тамошните народи и од големите руски заедници кои живеат во нив.

„Не морате да умрете во Украина. Вашите синови не мора да умрат во Украина“, изјави Зеленски снимен крај киевскиот споменик на имам во јасниот обид да ги следи обидите на западните тајни служби да испровоцираат нов исламистички бунт на Кавказот.

Џихадистичките групации од руските републики на Кавказот имаат тесна соработка со украинските неонацистички радикали уште од периодот на Чеченските војни и факти за таквата соработка беа презентирани во сегашната руско-украинска војна, од страна на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Зеленски во обраќањето тврдеше и дека Русија е „во изолација поради војната која ја сакаше единствено претседателот Владимир Путин, кој нема да застане на првиот бран на мобилизацијата“. „Ќе ги има уште. Ќе се обиде да зема уште повеќе животи.. никој не мора да учествува во срамната војна“.

Според податоци од воени жртви кои наводно ги собрала филијала на iStories во Русија финансирана од странски влади, најмногу загинати во војната наводно имало од Бурјатија и Дагестан, претежно муслимански региони на Каспиското Море. Во дводневните протестите против мобилизацијата во Дагестан мината седмица уапсени се 100 лица.

Но речиси истовремено со објавата на Зеленски, во Бурјатија објавија дека е целосно исполнет планот за делумната мобилизација и дека канцеларите за регистрација на резервистите се затворени, но дека и натаму работат канцелариите за пријавување доброволц.

„Во републиката е завршена задачата за мобилизацијата. Во моментов се изведуваат дополнителните медицински прегледи… Некои од мобилизираните веќе се вратени дома поради здравствени причини“, објави на социјалните мрежи гувернерот ба Бурјатија, Алексеј Циденов,

Во јули беше објавено дека во запленет лаптоп на припадник на украинската морнаричка пешадија (маринци), биле пронајдени инструкции за терористи, во кои биле земани предвид искуствата од борбите во руската федерална република Чеченија во 1990те година кои ги водеа исламистичките бунтовници. Од претходно е познато, имено, дека од украинската војска е побарано целосно да го искористи насобраното искуство на меѓународните терористи во текот на исламистичкиот бунт на Северен Кавказ кои сакаа да го прогласат ткн Кавкаски калифат.

Чеченските исламистички бунтовници со помош на западните разузнавачки служби во 1990-те години војуваа против руската војска, сѐ до доаѓањето на Владимир Путин кој ја стабилизираше армијата. Во текот на тие борби, според руското обвинителство кое собира изјави од очевидци со години, учествувале и припадници на неонацистичките групации од Украина.

Така утврдено е и дека првиот украински премиер по превратот во Киев во 2014-та, Арсениј Јанценјук, во 1994/1995 година како дел од казнените одреди „Арго“ и „Викинг“ (водени од Александр Музичко водач на украинските ултранационалистички групи кој беше ликвидиран во Украина во судир со полицијата откако власта во 2014-та ја преземаа прозападните сили), учествувал во напад врз болница во Чеченија, во измачувања и ликвидации на руски и чеченски полицајци и војници.

Челникот на кавкаската република Чеченија, Рамзан Кадиров, објави во март снимка од борби на руските сили во источната проруска област Луганск против едно од последните упоришта на украинските паравоени формации и истовремено објави дека јужниот пристанишен град Мариупол е ослободен од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“…