Зеленски го повика светот да ги осуди руските „псевдореферендуми“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика во редовното прекуноќно обраќање светот да ги осуди „псевдореферендумите“ коишто ги организира Русија и кои се одржуваат деновите во четирите области на Украина каде што е доминантно проруското население и кои се под контрола на руските и сепаратистичките сили по почетокот на војната.

Зеленски порача дека е убеден оти „светото исправно ќе реагира на псевдореферендумите“, како и дека „јасно ќе ги осуди“.

Во југоисточните украински региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожјеод 23-ти и 27-ми септември се одржуваат референдуми со кои тамошното население треба да се изјасни дали се присоединување на Руската Федерација. Сепаратистичките и руските сили целосно го контролираат Луганск и Херсон, половина Запорожје и најголемиот дел од Доњецк.

Доминантно рускиот црноморски полуостров Крим кој по превратот во Киев во март 2014 година со два референдума со огромно мнозинство гласови над 90 отсто прво ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина од Советскиот сојуз, а со вториот реши да се присоедини во составот на Руската Федерација од која е издвоен и припоен на Украина во 1954 година во времето на СССР. Украина и Западот тоа не го прифаќаат и сметаат дека станува збор за нелегална руска анексија на украинска територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.