Зеленски и Бајден ги усогласиле ставовите пред состанокот на Г7

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со претседателот на САД, Џозеф Бајден, откако имаше разговори и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон.

– Постојано работиме со партнерите, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, наведувајќи дека очекува некои „важни резултати“ идната недела по низата меѓународни состаноци за ситуацијата во Украина.

Состанокот на Г7 ќе се одржи денеска и Украина ќе учествува, а тукушто усогласивме наши ставови со САД, соопшти Зеленски по разговорот со Бајден.

Зеленски посочи дека со претседателот на САД разговарале за потребата на Украина за ефикански системи за противвоздушна одбрана за заштита на населението.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден на Зеленски му рекол дека Вашингтон им дава приоритет на напорите за јакнење на украинската противвоздушна одрбана преку помош која може да ја понуди.

Претходно, Зеленски изјави дека со Макрон одржал „многу содржаен“ разговор за „одбраната, енергетиката, економијата, дипломатијата“, кој траел повеќе од еден час, како и дека водел „многу конкретни“ разговори со Ердоган за обезбедување на украински извоз на житарици.