Зеленски и од Бундестагот бараше повеќе помош за Украина и ја обвини Германија дека предоцна реагирала

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во обраќањето пред германскиот парламент во четвртокот уште еднаш апелираше Германија посилно да ја поддржи Украина во војната со Русија и од Берлин бараше да ја преземе водечката улога.

„Луѓето во Украина сакаат да живеат слободно и не сакаат да ѝ се покорат на некоја друга земја“, рече Зеленски обраќајќи им се на германските претеници преку видео-линк.

Рече дека во Европа не смее да се дозволи повторно уништивање на еден народ. Притоа го спомена местото Бабин Јар каде германските војници во 1941 година го извршиле еден од најголемите масакр над Евреите во Втората светска војна. Таму, како што тврдеше без докази Зеленски, пред неколку дена наводно едно семејство кое дошло да одаде почест го „убила руска ракета“.

Зеленски во текот на неговиот двесетминутен говор ја обвини Германија дека околу Украина „изградила ѕид“ со кој неговата земја ја „изолирала и испорачала на Русија“. Притоа критикуваше дека Германија долго време беше истрајна во остварувањето на гасоводот Северен тек 2 кој беше на крајот завршен но по руската операција во Украина неизвесно е дали некогаш и ќе профункционира.

Зеленски рече дека со ставот на Германија посилно да не ја поддржи Украина „тиј ѕид со секој ден станува сѐ подебел“.

„Драг канцелару (Олаф Шолц), урнете го тој ѕид. Дајте ѝ на Германија водечка улога којашто таа и ја заслужува“, рече Зеленски реплицирајќи го историскиот говор на американскиот претседател Роналд Реган кој од последниот советски лидер Михаил Горбачев бараше да го урне Берлинскиот ѕид.

Украинскиот претседател тврдеше повторно дека „руските бомби и ракети досега убија илјадници цивили“.

„Русија бомбардира и ракетира сѐ: станбени згради, болници. Окупаторот во 2022-ра среде Европа уби 108 деца“, тврдеше Зеленски.

Зеленски во обраќањето зеблагорадувајќи ѝ се на Германија на помошта, истакан дека поддршката „дошла предоцна за да се спречи војната“.

„Затоа што ‘никогаш повеќе’ не важи. Која е историската одговорност на Германија кон Украина денес?“, праша украинскиот претседател.

Зеленски ги критикуваше германските лидери за деловните интереси на земјата во Русија.

„Можевме да ја видиме вашата подготвеност да продолжите да соработувате со Русија и сега сме во средината на Студената војна. Повторно, ова е нешто што не сте го виделе. Сè уште се заштитувате зад ѕид кој не ви дозволува да видите низ што поминуваме“, рече Зеленски и ја повика Германија да се справи со руската агресија и да воведе построги санкции кон Москва.

Пратениците во Бундестагот со долго ракоплескање, но забележително помалку френетично и воздржано отколку нивните колеги во американскиот Конгрес ден претходно, го испратија украинскиот претседател а во одјавувањето потпретседателката на германскиот парламент Катрин Геринг-Екард на Украина и гарантираше „целосна поддршка“.

Зеленски претходно, исто така, преку видео-линк им се обраќаше на парламентите на Велика Британија, Канада и САД.