Зеленски им ги одзема државјанствата на неколку поранешни политичари

Украинскиот претседател Володомир Зеленски им ги одзема државјанството на неколкумина поранешни влијателни политичари во последниот чекор од наводното „чистење на земјата од проруското“ влијание, за кое, пак, некои во Украина сметаат дека е се протега и во доменот на политички реваншизам и отстранување на опозицијата.

„Денеска потпишав релевантни документи за да преземам уште еден чекор во заштитата и чистењето на нашата земја од оние кои се на страната на агресорот“, рече Зеленски во редовното ноќно видео-обраќање.

Зеленски не сакаше да ги наведе имињата на тие личности, но тврдеше дека имаат двојно руско државјанство. И претходните години, а особено по почетокот на руската инвазија во февруари минатата година Украина им ги одзема државјанствата на повеќе десетици политичари и поединци, обвинувајќи ги за соработка со Русија.

Според украинските медиуми, листата вклучува неколку водечки политичари од кабинетот на поранешниот претседател Виктор Јанукович, кој беше претседател на Украина од 2010 година како лидер на владејачката Партија на регионите и кој беше соборен со вооружениот преврат во Киев поддржан од Западот во зимата 2014 година.

На списокот, според медиумите бил Дмитриј Табачник, поранешен министер за образование и наука, Андреј Кјујев, поранешен вицепремиер и шеф на администрацијата на претседателот Јанукович, како и Виталиј Захарченко, поранешен министер за внатрешни работи.

Челникот на про-претседателската парламентарна група Слуга на народот во Врховната Рада (парламентот) на Украина, Давид Арахамија, најави дополнителни остри мерки против поранешните министри и политичари на кои им е одземено државјанството.

„Следниот чекор ќе биде наметнување санкции за нив, апсење и конфискација во корист на државата на целиот нивен имот, корпоративни права и други средства“, напиша тој на својот канал Telegram во саботата доцна вечерта.

Арахамија ги потврди медиумските извештаи дека украинскиот претседател Зеленски го одзел државјанството на неколку лица, вклучително и поранешни министри кои ги извршувале своите функции во времето на претседателот Виктор Јанукович. Меѓу нив, тој ги наведе поранешниот министер за образование и наука на Украина, Дмитриј Табачник, поранешниот министер за приходи и должности, Александар Клименко, поранешниот министер за внатрешни работи Виталиј Захарченко, поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина, Александр Јакименко, поранешен секретар на националната безбедност и Совет за одбрана и поранешен шеф на претседателската администрација Украина Андреј Кљуев.