Зеленски: Многу сложени разговори со Русија за ослободување на војнците од „Азовстал“

Украинскиот претседател во вообичаеното ноќно обраќање објави дека наводно разговорите со Русија за извлекување на опсадените и ранетите украински борци од утврдениот металуршки комбинат крај јужниот пристаништен град Мариупол, се многу сложени, како и дека Киев користи „влијателни посредници“.

Украина, наводно, предложила 38 најтешки ранети борци, а доколку Русија тоа го дозволи, Киев ќе ослободи заробени руски војници.

„Во моментов во тек се многу сложени проговори за следната фаза од мисијата за евакуација – извлекувањето на тешко ранетиет, медицинари. Станува збор за голем број луѓе,“, рече Зеленски во обраќањето ноќта кон саботата, откако претходно седмицава Киев се откажа од операцијата за воено извлекување на украинските борци од „Азовстал“.

„Секако, правиме сѐ да ги евакуираме сите други, секој наш бранител. Веќе ги вклучивме сите ширум светто кој би можеле да бидат највлијателните посредници“, додаде украинскиот претседател без да даде поединости.

Русија, којашто инсистира украинските борци да го положат оружјето и да се предадат, во јавноста воопшто не известува за некакви преговори со Украина за евакуација од „Азовстал“.

Украинските борци, кои бараа седмицава со посредување на меѓународни организации да бидат евакуирани во трети земји, се главно припадници на баталјонот „Азов“, составен од припадници на екстремните националистички движења. Заменикот на командантот на баталјонот Свјатослав Паламар изјави во петокот дека неговите сили ќе продолжат да даваат отпор колку што ќе можат.

„Имаме проблем со муницијата, храната, водата, лековите. Напиот непријател, со поддршка на авијација и артилерија, продолжува со нападите, Тие продолжуваат со нападот на нашите позиции, но ние продолжуваме да ги одбиваме“, тврдеше Паламад на интернет форум кој го пренесуваше YouTube и апелираше до САД да помогнат во евакуациајта на ранетите.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно рече дека резултатите од преговорите „можеби нема да бидат на сите по волја, но нашата задача е да ги евакуираме начите момчиња. Сите. Живи“.