Зеленски: Момците од Азовстал добија сигнал да излезат и да си ги спасат животите

Украинските војници и членовите на неонацистичкиот баталјон Азов, кои со недели беа во фабриката Азовстал во Мариупол, им се предадоа на руските сили по наредба од Киев, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Момците добија сигнал од војската дека имаат целосно право да излезат и да си ги спасат животите“, изјави Зеленски за Украина 24 во петокот.

Русија најави целосно ослободување на Азовстал истиот ден, велејќи дека повеќе од 2.400 украински борци, вклучително и нивните команданти, се предале во текот на неделата.

Тие го положија оружјето без никакви предуслови по разговорите со руските сили, според Москва. Ранетите борци се згрижени во болница, додека останатите наводно се пренесени во казнено-поправните установи во Донбас.

За време на опсадата на фабриката за челик, Москва посочуваше на тоа дека борците внатре трпат големи загуби, немаа храна и вода и сакаат да се предадат, но не можеше да го сторат тоа без одобрение од украинската влада, плашејќи се дека може да бидат изведени пред воен суд. Но, Киев не сакаше да ја даде потребната наредба.

Зеленски тврдеше дека украинските разузнавачки служби го надгледувале, како што рече, „повлекувањето на бранителите на Азовстал, подготовките за дијалог, размена и така натаму“.

„Ќе ги вратиме дома“, рече тој за предадените борци. Сепак, претседателот додаде дека многу зависи од тоа дали ОН, Црвениот крст и Русија ќе ги исполнат своите обврски.

И покрај тоа што Киев претходно изјави дека нема начин да им помогне на оние во Азовстал со воени средства, Зеленски рече дека разговарал со странски партнери за снабдување со оружје што би можело да им овозможи на украинските сили да стигнат до фабриката за челик.

Многу украински пилоти, исто така, загинаа обидувајќи се да се пробијат до Азовстал, рече тој, додавајќи дека има планови за фрлање на лекови и храна од воздух во фабриката.

„Се случуваа многу работи кои никој од нас не можеше да ги коментира официјално. Воздушните коридори до Азовстал недостасуваа поради силната руска противвоздушна одбрана“, откри украинскиот лидер.

Мариупол ги доживеа најтешките борби од почетокот на руската воена операција во Украина кон крајот на февруари, претрпувајќи огромно уништување. Москва пред еден месец најави заземање на стратешкиот пристанишен град. Азовстал остана последниот џеб на украинскиот отпор во областа, но фабриката за челик и нејзината огромна подземна мрежа сега исто така паднаа под контрола на Русија.