Зеленски му порача на Трудо: Притисокот врз Москва треба да се засили а не намали

Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави во неделата дека во текот на денот имал телефонски разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо протестирајќи поради одлуката на Отава да ја врати од ремонт турбината за руско-германскиот гасовод Северен тек 1 и истакнал дека меѓународниот став за санкциите против Русија мора да се темелат на „принципи“ и на засилен а не намален притисок врз Москва.

„Денеска разговарав со премиерот Џестин Трудо. Разговаравме за нашата соработки, но посебно истакнав дека Украинците никогаш нема да ја прифатат канадската одлука за турбината за Северен тек, за нејзино предавање на Германија. Всушност, со кршење на режимот на санкции. Ова не е прашање за турбината, тоа е прашање за почитување на санкциите“, објави Зеленски во својата објава на Twitter по разговорот со канадскиот премиер.

Зеленски, кој и претходно остро ја критикуваше одлуката на Канада на германски „Siemens“ сепак да му ја врати од ремонт турбината на рускиот енергетски гигант „Газпром“, ја нарече ваквата одлука „неприфатлива“.

Откако му се заблагодарил на Трудо на големата воена помош, Зеленски во објавата вели дека „повторил дека меѓународниот став за (антируските) санкции мора да се темелат на принципи“. Додава дека по неодамнешните „терористички напади“ врз повеќе украински места, притисокот врз Москва „мора да биде зајакната, а не да биде намален“.

Канадската вицепремиерка Кристина Фрилен во саботата ја бранеше одлуката на владата, истакнувајќи дека тоа е „добра одлука“, иако било „многу тешко“ да се донесе. Отава ја правда својата одлука со која турбините по редовниот ремонт во погоните на германски „Siemens“ крај Монтреал ги иззема од своите санкции против Русија, со желбата да не биде загрозено енергетското снабдување на Европа, во прв ред на Германија.

„Енергетските предизвици пред кои е исправен Германија и нашите европски партнери се многу конкретни и Канада е многу свесна за тоа“, додаде Фриленд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.