Зеленски му постави ултиматум на Шолц

Претседателот на Украина го обвини германскиот канцелар дека се обидува да балансира помеѓу Киев и Москва.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „ZDF“ го критикуваше канцеларот Олаф Шолц за позицијата на Германија во украинската криза.

„Шолц и неговата влада мора да донесат одлука: не треба да има обид да се одржува рамнотежа во односите со Украина и со Русија“, рече Зеленски.

Тој ја прекори Германија за фактот дека таа почнала да ѝ помага на Украина многу подоцна од другите земји – САД, Велика Британија, источните земји на ЕУ. Според него, Берлин не треба да балансира помеѓу Киев и Москва, туку треба да дејствува „понедвосмислено“ и да се откаже од пристапот во кој односите и со Украина и со Русија можат да се продолжат на начин што помалку да ѝ се наштети на Германија.

Коментирајќи го можното патување на Шолц во Киев, Зеленски рече дека канцеларот не треба да се ограничува само на фотографии и го повика да објави построги санкции против Русија и зголемена поддршка за Украина и нејзиниот кандидатски статус во ЕУ за време на посетата.

Како што пишуваат медиумите, германскиот канцелар заедно со италијанскиот премиер Марио Драги и францускиот претседател Емануел Макрон имаат намера да го посетат Киев на 16 јуни. Во исто време, Шолц изјави дека нема да ја посети Украина откако Зеленски одби да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.