Зеленски: На денот кога Русија ја изврши инвазијата Украина е повторно родена

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата во емотивен говор одржан по повод 31-годишнината од независноста изјави дека Украина е „повторно родена“ на денот кога Русија ја извршила инвазијата на 24-ти февруари и дека Украинците ќе ги вратат Крим и областите на истокот.

Во претходно снимениот говор кој беше емитуван на денот кога Украина го слави Денот на независноста и одбележува шест месеци откако Русија офанзивата којашто официјална Москва ја нарекува „предизвикана и превентивна специјална воена операција“ чијашто цел е да се „спасат животите на руското и рускојазичното население“, како и да се „демилитаризира и денацизира“ Украина, Зеленски рече дека Украина „повеќе не смета дека крајот на војната ќе настапи кога ќе биде мир, туку кога Киев ќе победи“.

„На 24-ти февруари во 4 часот утрото во светот се појави еден нов народ. Тој народ тогаш не е роден, туку е повторно роден. Народ кој не плачеше, врескаше, ниту се преплаши. Кон не бегаше. Не се откажуваше. И не заборави“, рече Зеленски.

Четириесет ичетиригодишниот претседател кој западните медиуми го претставуваат како воен водач, одржа говор облечен во неговата препознатлива воена униформа пред споменикот во центарот на Киев кој симболизира одвојување на Украина од Советскиот сојуз.

„Што е за нас крај на војната? Претходно зборувавме: мирот. А сега велиме: победата“, рече Зеленски.

Улиците во центарот на Киев во средата утрото беа невообичаено празни по повеќедневните предупредување на властите за наводно можни нови руски ракетирања на поголемите украински градови.

САД во пресрет на одбележувањето на украинскиот Ден на независноста предупредија дека Русија би можела да го искористи празникот за засилени напади врз украинската цивилна инфраструктура и на владини објекти. САД, исто така, ги повикаа своите државјани кои сѐ уште се наоѓаат во Украина да ја напуштат земјата. Нејасно е дали апелот се однесува и на американските платеници и доброволци кои се борат во редовите на украинските сили.

Заменикот на американскиот амбасадор при Обединетите нации, Ричард Милс, во вторникот на седницата на Советот за безбедност на ОН ја „предупреди“ Русија дека „светот следи како се приближува Денот на независноста на Украина“.

„Ова не би требало посебно да се истакнува… ве молам не бомбардирајте училишта, болници, сиропиталишта ниту сомови. Ќе продолжиме и натаму да се залагаме за утврдување на одговорноста за сите кршење на меѓународните права“, рече Милс без да го споменува неодамнешниот извештај на Amnesty International во кој беа обвинети украинските војски дека своите огнени позиции ги сместуваат во чувствителната цивилна инфрасруктура.