Зеленски нареди ревизија на засолништата во Киев продлабочувајќи го судирот со Кличко

Украинскиот претседател Володомир Зеленски нареди во петокот ревизија на сите украински засолништа од воздушни напади во екот на сѐ поголемиот раздор со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, откако загинаа три лица кои останале на улица во текот на руско ракетирање.

Деветгодишно девојче, нејзината мајка и уште една жена загинале во четвртокот додека итале кон засолниште во Киев и притоа, според некои информации, откриле дека тоа е затворено.

„Нема оправдување за ова ниво на негрижа во градот“, изјави Зеленски во вообичаеното ноќно видео-обраќање до нацијата откако претходниот ден бараше од граѓаните сериозно да ги сфатат огласувањата на сирените за тревога од воздушен напад и итно да побараат засолниште.

Зеленски додаде дека им порачал на министрите за стратешки индустрии и за внатрешни работи да спроведат „целосна ревизија на засолништата“.

Полицијата привеле четири лица, од кои три би можело да бидат обвинети за занемарување на службените задачи и негрижа, објави на Telegram украинското Министерство за внатрешни работи.

Трите смртни случаи во ракетирањето на Киев ја вознемирија јавноста, а Зеленски вети остар одговор којшто, како што проценува агенцијата Reuters, се чини бил насочен кон киевскиот градоначалник Виталиј Кличко, поранешен светски боксерски шампиони кој и претходно имаше конфликтни вербални дуело со шефот на државата.

Зеленски рече дека жителите на Киев објавувале информации за затворени засолништа и непостоење на засолништа во некои делови од украинската престолнина.

Но состанокот на локалниот совет во петокот, Кличко признал дека понесува дел од одговорноста, но посочил и дека други се виновни, во прв ред сојузниците на претседателот Зеленски.

Кличко рекол и дека потрошувачката за засолништата во општините во Киев, од кои повеќето се водени од членовите на партијата на Зеленски – Слуга на народот, биле „исклучително незадоволителна“ и истакнал дека на чело на воената управа на градот е личност којашто ја именувал претседателот.

Градоначалникот на Киев повикал на „заедничка и праведна одговорност“ и рекол дека би можел да лобира за смена на челникот на округот по ревизијата за потрошувачката за одржувањето на засолништата.

„Општините на главниот град не се засебни кнежевства во кои можете да одите во бели ракавици и да ги занемарувањето вашите должности“, рекол Кличко и додал дека нема да ја толерира „саботажата“.

Зеленски уште ланскиот ноември го обвини Кличко дека лошо ја водел работата со итните засолништа, кога жителите на Киев беа без струја и греење. И тогаш дел од украинските медиуми беа склони тоа да го припишат на судир на шефот на државата со политичарите кои може да ја загрозат неговата позиција.