Зеленски не добил одговор на барањето разговор со Путин, Киев бара итна седница на Советот за безбедност

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ноќта кон четвртокот објави дека рускиот претседател Владимир Путин не одговорил на неговиот повик на разговори оти тоа наводно значи дека Москва „одобрила офанзива“ на Украина.

„Денеска иницирав телефонски разговор со претседателот на Руската федерација. Резултатот е молк. Иако молк треба да има во Донбас“, рече Зеленски во дестминутното обраќање на каналот Telegram во кое се обрати на руски јазик видео-пораката од неговата канцеларија.

Украинскиот претседател рече дека е подготвен да преговара со Русија за безбедноста на неговата земја во кој е да е формат и на која и да е платформа.

„Безбедноста на Украина е поврзана со безбедноста на нашите соседи. Денес треба да зборуваме за безбедноста на цела Европа. Но нашата главна цел е мирот во Украина и безбедноста на нашите граѓани. За ова ние сме подготвени да разговараме со сите, вклучително и со вас (Русија) во секој формат и на секоја платформа“, рече Зеленски.

Додаде дека на Украина „не ѝ е потребна војна“, но дека „земјата ќе се брани доколку биде нападната“.

Обраќајќи им се на Русите на руски јазик, Зеленски за разлика од Путин рече дека Русите и Украинците се различни но дека „тоа не е причина да бидат непријатели“. „Украина не претставува и нема да претставува закана за Русија“, уверува Зеленски.

Подоцна ноќта кон четвртокот, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека побарал итен состанок на Советот за безбедност при ОН, во врска со барањето на челнциите од доминатно руските региони на истокот од земјата воена помош од Москва.

„Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради повикот на руските окупациски управи во Донецк и Луганск до Русија со барање да им се пружи воена помош, што е натамошна ескалација на безбедносната ситуација“, објави Кулеба на Twitter.

И високиот претставник за надоврешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во четвртокот реагираше на барањето на челниците на Донбас за воена поддршка од Русија, оценувајќи дека станува збор за „уште еден опасен чекор против суверенитетот на Украина“.

„Барањето помош од Москва од страна на ткн ДНР и ЛНР (…) најавува многу опасен дополнителен чекор против суверенитетот на Украина, кој ќе загрози илјадници животи“, напиша Борел на Twitter.

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја повика Русија „да се воздржи од натамошни активности насочени кон ескалација“.

Претходно во Москва беше објавено дека челниците на двете самопрогласени републики на украинскиот исток во областа Донбас побарале воена поддршка од рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека властите во Киев ги зголемуваат силите на линијата на раздвојувањето и оти е можен напад.

Челниците на ткн Донецка и Луганска народна република, Денис Пушилин и Леонид Пашечник побараа помош за „одбивање на агресијата од украинските вооружени сили“, потврди портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Рече дека во дописот до Кремљ, Пушилин и Пешечник барале помош за „да се избегнат цивилни жртви и хуманитарна катастрофа во Донбас“.