Зеленски нема да учествува на самитот на Г20 доколку биде присутен и Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да учествува на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија доколку на него присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски во Киев, по средбата со грчката претседателка, изјави дека бил поканет од индонезискиот претседател Џоко Видодо да учествува на самитот од 15 до 16 ноември, пренесуваат британските медиуми.

„Мојот личен став и ставот на Украина е доколку на самитот учествува претседателот на Руската Федерација, тогаш Украина на него нема да учествува. Ќе видиме како ќе биде“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно во четвртокот изјави дека во телефонски разговор со индонезискиот претседател разговарал за подготовките за самитот на Г20 и договорот за извоз на храна.

Видодо беше под силен притисок на западните земји предводени од САД да го ускрати гостопримството на Русија на самитот на монденскиот остров Бали. Индонезискиот претседател кон крајот на јуни престојуваше во Киев за да ја покани Украина на самитот иако не е членка на Г20, а веднаш потоа отпатува во Москва.

Зеленски уште тогаш му одговорил на поканата на Видодо дека неговото присуство ќе зависи од коа кој ќе биде таму, а бидејќи Русија е членка во Г20, па се очекува можно учество на Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.