Зеленски пред изборите ги повикува Американците да го „сочуваат непоколебливото единство

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика Американците да го „зачуваат непоколебливото единство“ сѐ до „враќањето на мирот“ во Украина, а оваа порака ја упати во вторникот на денот на одржување на меѓуизборите во САД чиишто резултати, како што се стравува, би можеле да влијаат на идните ставови на Вашингтон кон Киев.

„Ве молам да го сочувате непоколебливото единство, како што тоа го правите сега па сѐ до денот кога ќе ги слушнеме оние големи зборови за коишто сонуваме, дека мирот конечно повторно е воспоставен“, изјави Зеленски во видеоповикот од Киев каде што го примаше американскиот „Медал на слободата“, настан јасно избран во врска со изборите во САД.

Зеленски притоа им се заблагодари на „претседателот Бајден, на двете партии во Конгресот и на секога американски граѓанин на големата финансиска, воена и дипломатска поддршка за Украина, кои ѝ ја пружаат од почетокот на руската инвазија“.

САД се најголемиот донатор на оружје на Украина изминатите години, а особени последните осум месеци, наметнувајќи и влијаејќи врз своите сојузници да ѝ наметнат на Русија санкции без преседан во историјата. Покрај тоа Вашингтон на Киев му испорачал воена опрема од најмалку 16 милијарди долари, а му дава поддршка во војната против Русија со разузнавачки податоци клучни за операции на боиштето, а бројни се и американските инструктори и доброволци на украинската страна.

Во мај, американскиот Конгрес во чии два дома моментално мнозинството го имаат демократите на претседателот Бајден, деблокираше 40 милијарди долари за помош на Украина.

Зеленски во вторникот рече дека е почестен со признанието „Медал на слободата“ од Филаделфија кој им го посвети на „сите Украинки и Украинци“ кои „на најголемата автократија на светот ѝ покажуваат дека во Украина можат да очекуваат само пораз“.

Притоа ги спомена „херојските војници“, „доброволците“ и другите „во секторот енергетика кои повторно го воспоставуваат снабдувањето со струја на жителите по руското уништување на инфраструктурата со ракетни напади и иранските дронови кои ги погодија централите. „Слободата е главниот збор за нас и таа навистина ги обединува сите Украинци“, рече Зеленски.